Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ)зборувајќи за состојбата со коронавирусот во земјава.
Докторката ваков одговор дава на прашањето, во кое сценарио би ја сместила Македонија од трите што ги предвидува Светска банка за земјава во зависност од употребата на мерките: првото дека ќе се заразат 25 проценти од населението, второто – 50 проценти или третото дека ќе се заразат 80 проценти.
„Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да севратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации“,
вели Стевановиќ.Во интервјуто таа предупредува и на тоа дека не треба да дозволиме да почнеме да веруваме дека постои вирусот дури тогаш кога некој наш близок ќе има потреба од болница и од сериозно лекување.
„Веројатно бројката на луѓе кои ќе имаат сериозна потреба од медицинско-болничко лекување ќе стигне до секој еден, кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш вербата и ќе стигне. Но страшно е ако го дозволиме тоа навистина ќе почнеме да ја губиме сериозно битката со ковид, не смееме да дозволиме вакви драстични, лични и емотивни случувања да ни бидат расветлување, разбистрување на свеста и стигање на информацијата, сето тоа може да биде многу полесно“,
вели директорката на Инфективна.Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.