Двајцата актери ја имале својата голема љубов во животот, која за жал завршила трагично, и веруваат дека повторно нема да доживеат таква.
Тие се познати актери со завидни кариери и, иако многу жени на светот сонуваат да бидат со нив, Кијану Ривс и Лиам Нисон откако ги изгубија своите сакани, никогаш повторно не се оженија.
Кијану Ривс ја изгуби саканата во 2001
Само 2 години подоцна Џенифер загинала во сообраќајна незгода. Возејќи по автопат изгубила контрола на возилото и се удрила во автомобилите паркирани на паркингот. Ударот бил толку силен што излетала низ предното стакло.
Парот не успеал да направи свадба, а по смртта на Џенифер, Кијану се заклучил во себе и ставил крај на својот личен живот.
Актерот слободното време го минува сам во прошетки и повеќе сака да живее во хотели, отколку во својот дом.
Лиам Нисон ја изгуби саканата во 2009
Британскиот актер Лиам Нисон и Наташа Ричардсон се запознале во 1993 година, а една година подоцна парот направил свадба. Во 1995 година го добија синот Мајкл, а во 1996 синот Даниел.
Лиам беше лудо вљубен во сопругата и благодарение на нејзината огромна поддршка стана познат актер.
Во 2009 година се случи трагедија и Наташа почина од повреда на мозокот, како резултат на незгода при скијање. Скијала без шлем, паднала и си ја удрила главата, но на повредата не ѝ давала значење и одбила да ја прегледа доктор.
Но, еден час подоцна таа почувствувала силна главоболка и завршила во болница. Кога Лиам пристигнал од снимањето на еден филм, неговата сопруга веќе била во кома.
Два дена подоцна семејството одлучило да ги исклучи апаратите за одржување во живот. Наташа имала 45 години.
Изгледало како парот да ја предвидел трагедијата. Еден ден тие се ветиле дека ако еден од нив е во сериозна состојба, другиот ќе му дозволи да замине и се договориле дека ако некој е во вегетативна состојба на апарати за одржување во живот, другиот ќе потпише да бидат исклучени. И Лиам си го одржал зборот.
Актерот никогаш не се ожени повторно. Во една пригода изјави: „Нејзината смрт никогаш не ми беше реална. Сè уште не можам да поверувам. Во нашиот дом само крцкањето на вратата ме потсетува на неа, мислев дека е таа и дека ете сега ќе влезе во куќата.“
Преземено од Црнобело