Еден од најдобрите ракометари на Франција и во екипата на актуелниот првак ПСЖ, Никола Карабатиќ (36) го повреди лигаментото на десното колено за време на саботниот гостински натпреавр со Иври од домашниот шампионат, поради што го очекува неколкумесечна пауза. Веста денеска ја соопштија лекарскиот тим на „светците“.
Карабатиќ ќе ги пропушти сите натпреаври кои ПСЖ ќе ги игра во Лигата на шампионите до крајот на годината. Тука спаѓа и дуелот со Вардар на 28 октомври. Нема да биде на располагање и за Светското првенство во Египет кое треба да се одржи во јануари следната година.