Христијан Мицкоски ја обвини Владата дека од поднесените 127 амандмани во Собранието, биле разгледани 12, а прифатен само еден.
„Владата предводена од Зоран Заев нема слух за проблемите на граѓаните.
Поднесени се 127 амандмани во Собранието на Република Македонија. Од досега разгледаните 12 амандмани одбиени се 11, а прифатен само 1.
Владата го одби и амандманот поднесен за ребалансот на буџетот, да бидат ослободени од плаќање на закупнина до крајот на годината, сите оние кои останале без работа поради Ковид кризата, за општествените или социјалните станови, а закупнината да ја надомести владата.“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1694302984078487/?type=3