Од утре во Букурешт учениците преминуваат на онлајн настава, а носењето маска ќе биде задолжително во затворени простории и на отворено, изјави портпаролот на префектурата Маријана Станку-Ципишка.
Таа појасни дека е забранета дејноста на киносалите, театрите и концертните сали, како и на затворените ресторани, освен оние во хотелите и пансионите, кои имаат право да служат само гости во нивните објекти.
Останува дозволена активност на отворено во рестораните и кафулињата.
Мерките, што влегуваат во 20 часот на 20 октомври, ќе важат 14 дена.
Денеска се одржа состанок на општинскиот комитет за вонредни состојби во Букурешт, откако прагот од три случаи на Ковид-19 на 1.000 жители беше пренесен во романскиот главен град.
Во последните 24 часа, во Букурешт се регистрирани 581 нов случај на Ковид-19, со стапка на инциденца која достигна 3,19 на илјада луѓе. Во последните 24 часа, потврдени се 2466 нови случаи во земјата со извршени 8040 тестови. Педесет и девет луѓе починаа, а 757 се на одделите за интензивна нега.