Општина Карпош ја почна редовната, есенска дератизација и дезинсекција на целата своја територија. Овластената фирма која ја ангажираше локалната самоуправа треба да помине околу 5.000 шахти во кои ќе фрли средства за уништување на штетните глодари и инсекти во сите населби на Општината.
Дератизацијата и дезинсекцијата во Карпош ќе се одвива сукцесивно во следните четири до пет недели.