Хајли има нова тетоважа за првата година брак со Џастин Бибер

Хајли Бибер не дозволи полното работно време како модел да ја спречи да направи две нови тетоважи утрото откако нејзиниот сопруг Џастин Бибер настапи во емисијата Saturday Night Live на Ен-би-си.

23-годишната Хајли доби ѕвездичка и буква „Џ“ (почетната буква од името на сопругот) на прстот на кој се носи бурма, во чест на едногодишниот брак со Џастин Бибер.

Овој потег доаѓа во време кога таа и 26-годишниот добитник на „Греми“ ја одбележуваат првата година од заедничкиот живот, коментираат таблоидите.

Тие се запознаа на концертот на Бибер во 2009 година, а неодамна ја прославија првата годишнина од бракот.

Треба да знаете
Последни објави