Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, реагираше откако денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека го осудува собирањето на свадбата на Богдановиќ и дека тој требало да биде пример за граѓаните во почитување на мерките
-Можеби пандемијата ќе трае три години, зар три години да останеме невенчани!? Нигде не се забранети црковни венчавки, ниту во Македонија, изјави Богдановиќ за СакамДаКажам.
Имавме само 25 најблиски гости, родителите, кумовите и старосватите. Не правевме свадбена веселба, само се венчававме. Во црква цело време држевме растојание, единствено тоа не беше испочитувано кога правевме заедничка фотографија за спомен од овој ден, вели Богдановиќ.