Министерката за труд на Чешка, Јана Малашова, мислејќи дека микрофонот е исклучен, го нарече премиерот Андреј Бабиќ дебил.
„Тој Бабиш направи бордел (од државата). И сега сите мораме тоа да го лижеме. Тој е дебил, жал ми е”, рече Малачова на крајот од интервјуто за Чешката телевизија, објави „Спутник“.
https://twitter.com/jietienming/status/1317923386786545664
Во последните неколку недели, лидерите на опозициските партии остро ја критикуваа владата и лично премиерот за грешките направени за време на борбата против коронавирусот: до последен момент не беше воведено задолжително носење маски, а воведувањето вонредна состојба беше одложено.
За две недели, Чешка достигна огромна бројка на новоинфицирани, над 9000.