Трошиме за сладолед, а немаме за основни потреби на граѓаните. Ова очигледно е новата парола на Ј.П. Исар, кој секоја година набавува луксузни работи од парите кои ги собира од граѓаните. Спротивно на ова Ј.П. Исар не ги сервисира основните проблеми на граѓаните, градот стана една огромна депонија, отпадот и нечистите улици се работи со кои секојдневно се соочуваме.
Неуредени паркови и запоставени детски игралишта е сликата која што асоцира на овој град. Необезбедување на вода во домаќинствата во период на КОВИД пандемија е состојба на која што веќе се навикнавме.
Набројаното е само доказ дека Ј.П. Исар не работи во името на граѓаните. Услугите за кои што им се плаќа и кои што се дел од нивната основна дејност непрофесионално се извршуваат, додека претпријатето се луксузира од тешко заработените пари на просечниот граѓанин.