Милан победнички ја почна новара сезона во италјанската фудбалска Серија А. По триумфот во градското дерби против Интер (2:1), Милан е лидер максимални 12 бодови од четири натпреаври.
Милан ја почна новата сезона со цел на крајот да биде меѓу најдобрите четири екипи во Италија, но нивниот поранешен трофеен тренер Фабио Каполе смета дека овој овој сотав може да ја освои и титулата.
-Во една ваква необична ситуација кога фудбалот се игра без публика, Милан има добри шанси. Пиоли има многу опции, тимот изгледа одлично и најважно е што играчите му веруваат. Погледнете го Ибрахимовиќ. Не само што постигнува голови за победа, туку со својот став го влече напред целиот тим. Доколку сите го следат тогаш имаат шанси да стигнат и до титулата, изјави Капело за „Газета дело Спорт“, дополнувајќи дека според него први фаворити за скудетото се фудбалерите на Интер.
-Ќе останам кај мојата прва прогноза. Интер е најопасниот тим во лигата, но Конте мора да го раздвижи тимот и да го врати на вистинскиот колосек. Мора да ги убеди оние играчи кои летово беа на трансфер-листата дека се важни за тимот. Интер има страшен потенцијал во нападот, проблем е што на почетокот делуваат неубедливо во одбраната, е размислувањето на Капело.