Лондон нема да преговара со Брисел следната година

Велика Британија нема да се врати на трговските преговори со Европската унија следната година. Тоа го изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон, потенцирајќи дека каков било договор мора да биде склучен до крајот на годината.

– Неколку пати јасно ставивме до знаење дека кој било договор треба да се постигне пред крајот на преодниот рок и нема да се вратиме на преговори следната година, изјави портпаролот на Џонсоnн.

– Мора да им дадеме сигурност на нашите граѓани и компании, и тоа нема да се постигне со бесконечни долгорочни преговори, нагласи тој.

Треба да знаете
Последни објави