Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека премиерите Заев и Борисов на средбата во Бугарија треба да се согласат дека Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла, но Бугарин во народно-етничката припадност.
„Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:
“Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.
(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров и други)
Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија.“, напиша Милошоски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3757285897624182