Еден од носителите на играта на македонската репрезентација Стефан Ристовски нема да има ниеден сериозен натпревар до финалето од Лигата на нации против Грузија што се игра идниот месец.
Причина за тоа е одлуката на тренерот на Спортинг, Рубин Аморим, него и Рафаел Камачо да ги елиминира од првиот тим и да ги испрати во Б-екипата. Иако официјално, причина за тоа е неможноста да се борат за место во составот, покрај Педро Поро и Гонсало Плата кои се прв избор на десната бековска позиција, се шпекулира дека Ристовски е избркан затоа што не се согласи на трансфер во текот на преодниот рок, односно го блокира преминот во Динамо Москва.
Двајцата ќе имаат можност да си заминат од Лисабон во јануари. Камачо е интересен за Динамо Загреб, а за Ристовски останува руската опција која нему не му е по мерак.