– Оваа година, поради целата ситуација што ја имаме, ќе настапат претежно македонски артисти. Имавме друга програма, но поради затворените граници, мораме да се приспособиме на состојбата, изјави Филип Стевановски, уметнички директор на Џез фестивалот.
Првата вечер ќе настапат „BRASSTET SKOPJE” и „NEXT TO SILENCE”, а втората вечер кумановци ќе уживаат во „ZULU 3.4″ и Владимир Четкар со својот секстет.
– Тој веќе е наша светска ѕвезда, а добро е што во овој период е во Македонија и можеме да го планираме да ги вклучиме во фестивалот, истакна Стевановски.
Билетите се во продажба од 13 октомври и можат да се купат на билетарницата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев”. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура. Влезот ќе биде во 19 часот заради предвидените протоколи. Капацитетот во салата е 110 лица.