Стоилковски: Главните за спречување на висока корупција цела недела молчат за ставањето рака на Заев врз рудните богатства на државата

Зоран Заев се однесува како класичен феудалец, а Македонија да е негова нива во Муртино. Од позиција на претседател на владата, преку гласање на своите министри, кои што тој сам ги избира и поставува, ги распределува државните ресурси на своите компании.

30 годишни концесии за фирмите на бате Вице и за бате Трајче! Во 2018 година „Тотал Инженеринг“, фирма на Заеви, добива концесии на 30 години, сега „Еленица“ на Заеви, добива 30 годишна концесија. Тоа значи Заеви 30 години ќе владеат со рудните богатства на Македонија. Зоран Заев преку одлуката на владата со која што тој претседава, долгорочно го присвојува рудното богатство на Македонија.

Тоа не е само судир на интереси, тоа е корупција и криминал! И за сето тоа се уште изостанува реакција на ДКСК, изостанува реакција на ЈО!

Цела недела нема никаква реакција, ниту збор од институциите задолжени за спречување на корупцијата. Нема ниту збор од министерот за спречување на корупцијата, генералниот секретар на СДСМ на Заев, Љупчо Николовски. Главните за спречување на висока корупција цела недела молчат за ставањето рака на Заев врз рудните богатства на државата.

Зоран Заев самиот посочува дека живее во семејна заедница, дека во семејството се заедно со бате Вице и бате Трајче, заедно се во компаниите, се им е заедничко дури и возилата, како моторот со кој што се вози Зоран Заев низ државата се е тоа на име на семејните компании. Сега Зоран Заев на семејните компании водени од бате Вице и бате Трајче им издава 30 годишни концесии, им обезбедува суровини, а со тоа финансиски бенефит. Класична корупција, класичен феудален однос.
И сиот овој зафат со кој што на Заеви им се овозможува владеење со државните рудни богатства, нивна експлоатација, со крајна цел богатење на Заев е направен крајно нетранспарентно и сокриено од очите на јавноста. Ниту има записник од седницата на владата, ниту се споменува во соопштението од владината седница. Едноставно Заев ги присвојува рудните богатства на 30 години и за тоа дознаваме ако читаме Службен весник!

Заев е класичен феудалец кој рудното богатство во Македонија го доделува на своите семејни фирми.

Заев е изворот на криминогеното однесување, Заев е центарот на високата корупција во Македонија, и Заев ќе мора да одговара за тоа.

 

Треба да знаете
Последни објави