Американските власти наредија евакуација во сојузните држави Колорадо и Јута поради новите шумски пожари, пренесува „Њујорк пост“.
Причината за двата пожари сè уште е под истрага. Се верува дека пожарот во Фајр кенјон е предизвикан од луѓе, велат властите на Јута.
Пожарот во Рејнџ не е под контрола. Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Болдер соопшти дека речиси 900 домови се веќе евакуирани.
Нема пријавено смртни случаи или повредени.
Новите шумски пожари продолжија да се шират на делови од западниот дел на САД, ширејќи се со огромна брзина и уништувајќи илјадници хектари во текот на еден ден. Во Аризона, пожарот во Хорс уништи речиси 8.500 хектари од четвртокот, објави „Дејли куриер“.
Жителите на Краун Кинг во близина на националниот парк „Прескот“ беа евакуирани од областа за време на викендот бидејќи пожарот беснееше во близина. Властите се загрижени дека пожарот ќе ги оштети потребните структури за комуникација, што го отежнува справувањето и спречувањето на пожарот.