Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите.
Мажот, на возраст од околу 20-тина години и наводно член на движењето „Црните животи се важни“, се искачил на кулата вчера околу 17,30 часот, висел од јаже и бил таму со часови додека полицијата се обидувала да го убеди да слезе, пренесува „Њујорк пост“.
Полицијата соопшти дека човекот се заканувал дека ќе се самоубие доколку не разговара со Доналд Трамп.
На видеата што се појавија на социјалните мрежи, може да се види како човек виси на портокалово јаже, тврдејќи дека е член на движењето и има порака за Трамп.
„ Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже, ќе скокнам и ќе умрам“, рече човекот.
Како што се наведува, тој се снимал со камера и ги дал тие изјави, а сè било пренесувано во живо на Фејсбук.
„ Имам нож. Ако некој го повлече јажето, ќе го пресечам”, рече момчето.
Тој додаде дека ако Трамп вети нешто, тој мора да го исполни пред изборите.
Засега е непознато како завршила ситуацијата.