(Видео) Србин и Босанец осудени за грабеж во Италија

Неименуван српски државјанин (37  г.)  и негов соработник од Босна и Херцеговина (43 ) осудени се во Италија поради кражба во продавница на познат моден бренд од кој однеле стока вредна околу 200.000 евра.

Србинот добил три години и четири месеци затвор, а соучесникот од БиХ два месеци помалку од неговиот партнер во грабежот. Балканскиот двоец кражбата ја извршил на 11 ноември 2019 година во регионот на Ломбардија, а биле пронајдени и уапсени откако биле прегледани безбедносните камери кои биле поставени околу продавницата.

На снимката можата да се видат како четворица маскирани машки лица облечени во црно го кршат прозорецот и влегуваат во продавницата каде во големи вреќи собираат паричници, козметика, чанти, шалови и други предмети од рафтовите во дуќанот.

Грабежот траел точно четири минути по што лицата заминале. Карабинерите во март годинава успеале да ги уапсата Србинот и Босанецот за кои е соопштено дека ова не им бил прв грабеж во кои тие учествувале.

 

Треба да знаете
Последни објави