Итна декриминализација на поседување и лична употреба на канабисот, но и на негово одгледување за лична употреба побараа денеска повеќе граѓански здруженија. Тие посочија дека со забрана за користење на канабисот се кршат човекови права и токму затоа потребна е измена и дополнување на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.
Освен декриминализација за лична употреба, здруженијата Зелена Алтернатива, ЗНАМ, ХОПС, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права бараат да се овозможи основање и работење на социјални клубови.
Исто така, и да се зголеми бројот на здравствените состојби за кои може да се користат препарати од канабис согласно медицината базирана на докази, да се дозволи лекари освен од јавното и од приватното здравство да препишат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба.
Важно е, според здруженијата, во Агенцијата за канабис да има независно тело-комисија составено од претставници на граѓанскиот сектор.
Бараат и да се предвиди во Законот за контрола на опојни дроги формирање на Фонд од давачките кои правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат согласно овој закон да се прицизира процент од средствата од овој фонд кој ќе биде наменет за програми за маргинализирани групи и лекување на разни болести.
Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини на денешната прес-конференција посочи дека доколку не се дозволи декриминализација на канабисот во државата, се прави голема неправда и е спротивно на принципот на владеење на правото.
-Едно од клучните причини зошто е неопходно да се случи декриминализација на личната употреба и поседување за лична употреба на канабис во државата е затоа што во спротивно се прави голема неправда и е спротивно на принципот на владеење на правото, една група на луѓе која има доволно средства истото да го призведува да го извезува да го увезува и да прави профит од тоа а друга група на луѓе за истото нешто да оди во затвор, рече Дрндаревска.
Според неа, луѓето кои најмногу страдаат од овој модел на криминализација се луѓе кои имаат канабис за лична употреба и многу често истите се осудувани преку злоупотреба, полициска бруталност но и преку прекршување на нивните права во полициска постапка.
Кај нас, подвлече, марихуаната не е криминализирана во закон туку во практиката на полицијата.
-Многу често станува збор за млади луѓе кои се студенти, употребуваат канабис за лична употреба тие не се дилери, замислете целиот кривично правен систем се покренува за некоја минорна количина од 0,2 отсто. За еден џоинт или цигара ќе се организира цела машинерија од МВР, а потоа судот и затвор за да осуди дете кое што запалило една цигара канабис, а од друга страна канабисот се произведува.Ова е недозволиво и не е фер. Неправедно е на деца кои употребуваат канабис за лична употреба да добијат кривични санкции нивните можности во животот да им се уништат, рече Дрндаревска.
Таа додаде дека токму декриминализацијата е начин да престане злоупотребата и да престанат повредите на човековите права на луѓето кои употребуваат канабис, а како организација, посочи дека долго време сведочат на ваква пракса, на недозволување на адвокат или принудно потпишување на записници без да има информирана согласнот.
-Секаде во светот откако се усвоени полибеларни модели на регулација на канабисот не се бележи дека луѓето наеднаш почнале експанзија од употреба на канабис, туку напротив, луѓето ќе употребуваат канабис без разлика законот каков, е самопрашањето е ако имаме добра рамка, ако имаме декриминализирана ситуација тоа ќе го прават на многу побезбеден начин, ќе знаат што купуваат од кого купувааа, нема себеси да се стават во позиција да се криминализираат и да бидат жртви на кривично правниот систем, додаде таа.
Дуковски направи споредба со Канада, каде што законски е регулиран канабисот и посочи дека таму нема раст на криминалот или криминалитетот, а судовите не се оптоварени судовите со предмети кои ги оптоваруваат граѓаните како на пример апсење за пет или десет грама.
-Доколку го гледаме компаративното право и во Канада тие денеска полнат две години со регулација на правото и употребата на канабисот за рекреативни цели и за потреба на граѓаните, јас би кажал дека не гледам дека има раст на криминалот, на криминалитетот и од кривично правен аспект баш напротив, не се оптоварени судовите со предмети кои ги оптоваруваат граѓаните како на пример апсење за пет или дест грама, затоа ако ја гледаме и меѓународната пракса не гледам причина зошто да не се донесе ова, рече Дуковски на прес-конференција.
Здруженијата посочија дека сите овие барања ќе бидат доставени до Владата.