Калеска-Ванчева: Со четвртиот пакет мерки 5.726 самохрани родители добиваат платежни картички

Владата предводена од СДСМ континуирано им помага на граѓаните и стопанството да се справат со негативните последици од коронакризата.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка.

283.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 27,6 милиони евра.

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза.

Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

Почитувани,

Овој сет економски мерки има за цел да им помогне на што повеќе граѓани и на што повеќе домашни компании во надминувањето на негативните економски последици.

Затоа е важно сите пратеници да дадат поддршка на измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година, ребалансот да биде усвоен и 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

СДСМ како одговорна партија, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува со вистинска грижа за сите. Работиме уште повеќе посветено за интересите на граѓаните, за да биде уште подобро за сите.

Треба да знаете
Последни објави