Експертот за информациски технологии, професорот д-р Петар Кочовиќ секојднево ги следи случувањата со коронавирусот во Србија и пошироко на европскиот континент. Според прогнозите ваква експлозија со зголемување на бројот на инфицираните од коронавирусот не очекувал во Европа.
-Србија влезе во црвената зона и трендот на зголемување на бројот на новозаразените лице ќе потрае во наредните шест дена. Ако успееме да го ескивираме она што сега им се случува во Чешка, Словачка, Хрватска, Црна Гора, тогаш треба да очекуваме дека се ќе биде како што треба. Третиот бран од коронавирусот во Србија треба да финишира околу Нова Година. Станува збор за долгорочна прогноза која сама по себе е и непрецизна – вели Кочовиќ.
Спрспскиот екеперт појаснува дека Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ) државите ги дели по зони означени со разлини бои: зелена зона ( од 0 до 15 заразени на 100.000 жители), жолта зона (15-30 заразени на 100.000), црвена зона (30-50 заразени на 100.000) и виолетова зона (50+ заразени на 100.000).