Мицкоски на средба со Вуцас: Лошиот менаџмент на власта со здравството, резултира со негативни последици

Денеска 19.10.2020 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК на партијата, Стефан Андоновски, оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија – Георг Вуцас.

На средбата се раговараше за пандемијата на Ковид која е предизвик за целиот свет, но е особен проблем за Република Македонија поради лошиот менаџмент на власта со здравството, но и со економските последици од истата.

Мицкоски кажа дека власта мора поодговорно да делува особено заради фактот што за 19 дена имаме скоро 6000 заболени, односно 3 пати повеќе отколку што власта не убедуваше дека ќе биде за период на цела криза.

Разговарано беше и за актуелната политичко – економска состојба особено во делот на лошите мерки за помош на граѓаните и стопанството кои не се сеопфатни и исклучуваат цели категории на граѓани од помош.

Мицкоски посочи и на сите бројни забелешки на ЕК во нејзиниот извештај за Република Македонија, а кои се факт пред се заради неспособноста на власта и нејзиниот пакт со криминалот.

Дополнително Мицкоски изрази задоволство за добрите односи помеѓу Австрија и Република Македонија, потенцирајќи дека нашата држава секогаш била добар пријател на Австрија, но и имала добар пријател во Австрија.

 

Треба да знаете
Последни објави