Интернет сајтот CarVertical врз основа на своите истражувања направи рангирање на брендовите на автомобили на кои најмногу им се враќа километражата, пренесува „24Ауто.мк“.
Можеби помалку очекувано, на првата позиција убедливо се наоѓа BMW. Дури 51% од автомобилите од овој бренд се со вратена километража. На втората позиција со 10% се наоѓа Audi додека во топ 3 брендови се наоѓа уште Volkswagen со 9%.
На четвртата позиција се наоѓа Mercedes-Benz со 5% додека на петтата уште еден бренд од Volkswagen Групацијата – Skoda со 3%.
Следи Ford со 3%, а потоа идентично со по 2% се Volvo и Opel. Преостанатите 7% припаѓаат на останатите брендови.
Па кога купувате половно возила имајте го ова на ум!