Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека рускиот претседател Владимир Путин развива нов вид хемиско оружје со кое неодамна беше отруен.
Во интервју за „Си-би-ес“, Навални истакна дека Путин го користи тоа оружје за да го убие и со тоа да ги исплаши другите, тврдејќи дека рускиот претседател ужива кога луѓето паѓаат мртви без пушка и трага дека нешто се случило, пренесува порталот Кликс.ба .
Жестокиот критичар на Кремљ беше отруен со нервниот агенс новичок во Русија, по што мина 32 дена во болница, од кои 24 на интензивна нега.
Рускиот лидер на опозицијата додаде дека новичок е можеби најотровната алатка што ја измислиле луѓето, и дека онаа со која е затруен е всушност нов вид. „Ова докажува дека Путин развива нова програма за ова забрането хемиско оружје“, рече Навални.
Потоа, тој објасни колку е исклучително тешко да се дојде до новичок, а за тврдењата на другите дека Путин не е одговорен за нападот врз него, Навални се прашува зошто тогаш нема истрага.
Во интервју за „Си-би-ес“, Навални го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го осуди хемискиот напад врз него.
„Сметам дека е исклучително важно сите, се разбира, вклучително и претседателот на САД, да бидат против употребата на хемиско оружје во 21 век“, изјави Навални за „Си-би-ес“.