Играчот за врска на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Леандро Паредес се повреди во 7. коло од шампионатот против Нимс. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец го повреди десниот бутен мускул и беше заменет во 11-та минута.
Според „Л’Екип”, Паредес нема да може да учествува на утрешниот натпревар со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Оваа сезона, Паредес настапи на четири првенствени натпревари во Франција и заработи еден црвен картон.