Скопје во последните 24 часа се забележани 228 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, информираат здравствените власти.
Во главниот град има вкупно 2.751 активен случај на болеста. Аеродром и натаму е скопската општина со најмногу лица заразени во моментов – 552, а следуваат Центар со 454 и Карпош со 446 активни случаи.
Еве ја распределбата на активните случаи по општините во Скопје и околината заклучно со денеска:
• Чаир – 123
• Гази Баба – 307
• Аеродром – 552
• Карпош – 446
• Центар – 454
• Кисела Вода – 310
• Ѓорче Петров – 220
• Бутел – 113
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 44
• Сопиште – 22
• Чучер Сандево – 10
• Петровец –19
• Зелениково – 9
• Странец – 12
• Нераспределен- 64