Челниците на фудбалскиот сојуз на БиХ не им ја прифатиле молбата за одложување, поради што Широки морал да истрча на теренот и тоа со дури шестмина кои веќе утредента пројавиле симптоми на Ковид-19.
„Покрај 12-те фудбалери кои претходно имаа симптоми и беа ставени во изолација, денешното тестирање потврди дека уште дури шест играчи кои настапија на дуелот со Сарајево и еден член на стручниот штаб се позитивни на коронавирусот. Се плашевме од вакво сценарио и затоа побаравме одложување, бидејќи не е во прашање само Широки туку и нашиот противник и официјалните лица. Животите треба да се над сѐ“, се вели во соопштението на овој клуб.