Париз станува среќно место за англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед. Две години по славниот пресврт против Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите, вечерва „црвените ѓаволи” го совладаа противникот со 2:1 на стартот од учеството во групната фаза од Лигата на шампионите.
Резултатот во корист на гостите го отвори Бруно Фернандеш од пенал во 23-тата минута. Во 55. минута „светците“ израмнија по автоголот на Aнтони Марсијал.
На самиот крај на мечот, Маркус Рашфорд повторно ги донесе гостите во предност по одличен шут по земја, која ја задржаа до крајот на мечот.
Резултати од 1.коло од ЛШ:
Група „Е”:
Челси – Севиља 0:0
Рен – Краснодар 1:1
Група „Ф”:
Зенит – Бриж 1:2
Лацио – Борусија Дортмунд 3:1
Група „Г”:
Динамо Киев – Јувентус 0:2
Барселона – Ференцварош 5:1
Група „Х”:
ПСЖ – Манчестер Јунајтед 1:2
Р.Б. Лајпциг – Истанбул Башакшехир 2:0