Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски, извршија увид во завршните активности за реконструкција на патот во Аџево.
Реконструкцијата на улицата во должина од 550 метри и ширина од 4,5 метри заеднички ја вршат Општина Кисела Вода и Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Покрај патот ќе бидат поставени и стабилизирачки банкини. Првата фаза од реконструкцијата ќе заврши денес.
Во периодот што следува, Општината планира да продолжи со реконструкција и на останатитиот дел од патот.