Владејачката партија бара одржување на онлајн седници, ја злоупотребува сериозната состојба со корона вирусот

Дафина Стојаноска, пратеник и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во своето утринско гостување во емисијата на Алфа телевизија говореше за онлајн седниците и рече дека владејачката партија по кој знае кој пат ја злоупотребува сериозната состојба со корона вирусот.

-Јас неколкупати имав можност да кажам дека нивната цел  е да предлогот за онлајн седници набрзина да се прогура и основната поента им е да стои дека присуството не е задолжително, а за жал ја злоупотребуваат и овој пат сериозната состојба со корона вирусот, зошто? Затоа што имаат тенко мнозинство, тоа е факт и тоа им е најголемиот проблем и еве сега ќе речат знаете може да се случи секој од нас да се зарази зошто ние не сме во Собранието затворени како група, него секој од нас кога ќе завршат седниците во Парламентот си заминува дома. Нивната затскриена цел е прво како ќе го формулираме тоа, зошто имаме неколку стадиуми на луѓе што се зафатени со корона вирусот, имаме луѓе кои мора да бидат во самоизолација зошто со некој нивни близок таков биле во контакт кој што е позитивен, имаме луѓе кои се позитивни на корона, но се во домашно лекување и такви позитивни кои се на болничко лекување и сега како ние ќе разграничиме еден пратеник доколку стигне да биде позитивен, а се наоѓа на Клиника за инфективни болести и е на апарати. Зарем мислат колегите дека еден таков случај може да учествува преку видео обраќање и како тој во таква состојба би придонел за работа, потенцираше Стојаноска.

Таа појасни дека не е само Парламентот тој кој што не функционира.

-Ништо не функционира во државава. А, да не кажам дека заради ситуацијата во која што сме дојдени има еден виновник, кој што несериозно се однесува, откако е ставен за министер за здравство, а да не зборувам за февруари оваа година, рече Стојаноска.

Стојаноска додаде дека поради Венко Филипче загрозено е здравјето на сите граѓани, не само на пратениците. Владата преводена од СДСМ три години беше на власт ниту тогаш не направи ништо добро за граѓаните, нема ниту сега. На власта единствена преокупација и беа малверзации, криминални тендери и семејни бизниси.

-Ќе бидеме во дефицит со Буџетот со 920 милиони евра. На почетокот на годинава, првите три месеци кога немавме корона криза 120 милиони евра имавме дефицит. Каде отидоа тие пари? За што се потрошија? Знае ли некој? Никој, сите молчат. Ќе излезе премиерот ќе се насмее само. Парите гледаме на што се трошат, нагласи Стојаноска.

Стојаноска потсети дека Македонија има најниска ставка на реализација на капитални инвестиции, сите светски експерти алармираат.

 

 

Треба да знаете
Последни објави