Во Хрватска 890 новозаразени со коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, осум лица починале, а бројот на активни случаи е 5.519.

Меѓу нив, 574 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 32 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше забележан првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 26.863 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 382 починале. Вкупно оздравеле 20.962 лица, од кои 433 во последните 24 часа.

 

Треба да знаете
Последни објави