Лацио вечерва после 13 години се враќа во Лигата на шампионите, а УЕФА се навраќа на минатото на овој клуб кога беше дел од „елитата“ на Европа.
Еден од нив е Горан Пандев и оној незаборавен дуел кога му даде два гола на Реал Мадрид. Едниот од нив од волеј, кога го „матираше“ Касиљас. Подоцна Пандев ја освои ЛШ, но во дресот на Интер.
Официјалната страница на Лигата на шампионите на „Фејсбук“ ги номинираше „ѕвездите на Лацио“ на сите времиња во ЛШ, односно нивните најубави голови. Еден од нив секако е Горан Пандев, кој е во друштво со Синиша Михајловиќ, Клаудио Лопез, Хернан Креспо, Хуан Себастијан Верон…
🦅 Lazio back in Champions League group stage for the first time in 13 years! They've scored some great goals down the years…@OfficialSSLazio | #MondayMotivation | #UCL pic.twitter.com/Fym5wHzyMu
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 19, 2020