Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ги кажа проблемите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, но дека е оптимист дека ќе се решат. Тој уште еднаш потврди дека нема потреба од лидерска средба, затоа што тоа може да му одмогне на процесот. Исто така Заев истакна дека Бугарија не бара промена на Устав од Северна Македонија.
-Јас верувам дека ќе има договор, неколку пати со Бугарија јавно зборувавме за народот, за јазикот. Борисов беше тука и испрати порака до македонскиот народ, дека ја признава реалноста на македонскиот јазик. Секогаш сме подготвени да ги потврдиме сите наши уставни определби. Верувам дека низ духот на пријателството ќе ги решаваме прашањата. Мицкоски ниту имал става, ниту во нешто се вклучил да помогне во историскиот исчекор на земјата. Процесот се води преку МНР, верувам дека ќе се најдат решенија. Можно е да одмогнеме на процесот ако свикуваме лидерска средба. Тоа не е прашање на кое лидерите треба да се натегаат, се со цел државата да тапка во место, изјави Заев.
На прашање дали Бугарија од Македонија бара промена на уставот, Заев одговора:
-Не, Бугарија од Македонија не бара промена на Уставот“, изјави Заев кој уште еднаш потврди дека нема да има нов договор со источниот сосед и дека она кое го бара Бугарија не треба да биде тема на разговорите.