Фудбалерот на актуелниот европски и германски правк Баерн Минхен, Серж Гнабри е позитивен на коронавирусот и ќе го пропушти утрешниот натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, објави германскиот клуб.
Клубот изјави дека Гнабри е добро и дека тој во моментов е во изолација дома.
Тој е првиот играч на Баерн кој е позитивен на вирусот.
Покрај мечот со Атлетико, Гнабри ќе го пропушти и претстојниот дуел против Ајнтрахт во Бундеслигата.
Тој ги започна сите дуели од почетокот на новата сезона во германскиот шампионат, а постигна „хет-трик” на отворањето на сезоната против Шалке.