Напаѓачот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Алваро Мората е задоволен од победата на неговиот тим во Киев против Динамо (2:0) на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите.
Мората го замени Кристијано Роналдо на најдобар можен начин и му донесе победа на Јувентус.
Постигна два гола, во 46. и 84. минута.
– Секоја година имаме реални шанси да ја освоиме Лигата на шампионите и оваа сезона сакаме да го направиме тоа. Сакавме добро да ја започнеме новата сезона и тоа го сторивме. Задоволни сме, изјави Мората по натпреварот во Украина.
Покрај Динамо, Јувентус е во групата со Барселона и Ференцварош.