Силно невреме со град го погоди Крит, улиците побелени како да паднал снег

Силно невреме проследено со удари од гром и огромна количина град го погоди островот Крит во раните утрински часови.

Грчките медиуми покажаа снимки на кои се гледа автопат прекриен со бела покривка од град, како и работници кои го отстрануваат од улиците на крајбрежниот град Мали.

Полицијата не доби извештаи за можна штета од невремето.

Грчката метеоролошка служба објави дека невремето и градот ќе продолжат да го погодуваат Крит во текот на денот и дека ќе преминат на југ од Пелопонескиот Полуостров.

 

Треба да знаете
Последни објави