Комисијата за европски прашања и Комисијата за еднакви можности при Собранието денеска во Клубот на пратениците организираат јавна расправа за Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Како што соопштија од Собранието, предвидено е обраќања да имаат министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Силјановска-Давкова.
Од Коалицијата МАРГИНИ, пак, информират дека јавната расправа се организира на инсистирање на Мрежата за заштита од дискриминација, бидејќи бараат Собранието со амандман да ја доуреди постапката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со цел, како што велат, да се осигура транспарентност, инклузивност во постапката и да се превенира партиско назначување на членовите, наместо назначување по заслуга, на професионални и независни кандидати