Во секоја кора од општестениот живот во нашата мила држава длабоко е навлезена политиката, тоа го покажува последниот пример, настан кој ми се случи не толку одамна. Одиш со надеж дека со својот прилог на 50-етина деца ке им помогнеш да учат во нова училишна зграда, а се вракаш во Велес со скршена камера. Се прашуваш дали во наредниот месец камерата ке биде поправена за да работиш нормално ? Одиш со најискрена желба да помогнеш на мали деца да учат во нормални услови , во ново училиште како што заслужуваш, во услови кои со устав се загарантирани , а наидуваш на затворени врати, родители коишто бараат школо а не сакаат да зборуваат, притоа на местото каде што одиш на кое треба да се зборува македонски, а зборуваат на јазик што не го познаваш и имаш чувство дека со погрдни зборови се искажуваат кон тебе и кон колегата а, притоа свесен си дека секој твој чекор го снима мобилен телефон. Лесен ли е новинарскиот живот? Убаво е кога ке се појавиш на телевизија, но многу е тежок патот додека се појавиш на тв екранот, а испагаш со една желба , на дете од 7 години да му допринесеш барем малку надеж и помош за да учи во нормални услови, посебно во време на пандемија. Изложувајки го на ризик сопственото семејство , бидејки основното средство за работа е оштетено. И во моменти кога родителите се многу гласни, и се над новинарот кој што зад себе има минимално искуство, обидувајки се нејзиниот колега да ја извлече од гужвата , никој “не знае” како камерата наместо на сталка, се наога на земјa!!! Кажуваш дека си од националната телевизија, а родителот ти се обрака со следните зборови: Зошто сте тука и кој ве викна вас, притоа зборуајки на друг јазик и повикување на политички и мешање на историски НЕ-ФАКТИ и НЕ–ВИСТИНИ ?! Бојкотираат , но изјава не даваат за национална телевизија, туку само за АЛСАТ М. Која иронија , бојкотираш а не даваш изјава за НАЦИОНАЛНАТА телевиија. Етички пробавме да ви помогнеме , НО…. Битката наместо да ја водите на полесен начин, сега вие го одбравте потешкиот пат! За арно , за убаво! Нека им е Срекна новата учебна 2020/2021 година на учениците од велешкото село Клуковец кои очигледно не сaкаат да одат на училиште оваа година!
Преземено од Veles365