Епидемијата предизвикана од коронавирус се очекува да ескалира со бројот на заразени во претстојните два месеци, ноември и декември. Оваа најава пристигна од српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб во борбата со оваа заразна инфекција, д-р Бранислав Тиодоровиќ.
Според српскиот епидемиолог нитуедна држава не е пуст остров, и дека сите сме поврзани, а посебно во регионот и се потпираме едни на други.
-Овој дел од Европа влезе во осмиот месец од епидемијата, што предизвика и сериозен премор на здравствениот систем, кој се наоѓа на работ на издржливоста, вели Тиодоровиќ.
Тој додаде дека практично истите мерки се спроведуваат во Европа и дека многу држави воведуваат и носење маски на отворено. Ова важи и за Србија.