Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека има сметка во кинеска банка, објави Њујорк Тајмс.
Сметката е во сопственост на компанијата „Трамп Интернешнл хотелс Менаџмент” и е отворена за плаќање на локален данок меѓу 2013 и 2015 година.
Сметката е отворена за да се испита потенцијалот на хотелскиот бизнис во Азија, изјави Јан Гартен, адвокат на организацијата на Трамп. Тој објасни дека сметката е отворена во кинеска банка во САД со цел да се плати локален данок.
Њујорк Тајмс ја откри сметката откако имаше увид во даночната евиденција на Трамп, која вклучува лични и финансиски детали од компанијата.
Никогаш не биле реализирани договори, трансакции или други деловни активности и од 2015 година, сметката не била активна. Сепак, таа останува отворена, но никогаш не бил користен за други цели.
Од кинеската банкарска сметка се платени 188.561 долари локални даноци, пренесува Би-Би-Си.
Американскиот претседател ги критикуваше американските компании кои работат во Кина и предизвика трговска војна меѓу двете земји.