Со протестите сакаме да му парираме на СДСМ, да покажеме дека Македонија е жива и секој ден да ги потсетуваме на нивните ветувања. Брдо ветувања, а една шајка не е закована еве тука кај вас на истокот во Штип, соопшти Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата “Што мисли народот” на Телевизија Стар.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има потенцијал во Штип за овие избори што ќе се случат во декември и дека апсолутно е важна победата во Штип, бидејќи тој е најголемиот град во третата ИЕ и тоа е центарот на Источна Македонија.
-Пазете, ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија тука во Штип на последните парламентарни избори од пред три месеци. Се надевам и ќе работам на тоа, од тука од верниот Штип да почне оној пресврт кој што и треба на Македонија и оваа власт да оди таму кај што и е местото на темните страници на македонската историја. Штип е местото во кое ВМРО-ДПМНЕ има историја. Тоа е град на Македонската револуционерна борба, но исто така Штип е град каде што ние демонстриравме и покажавме преку дела дека знаеме да работиме. Дали сакате фабрики, автопатот кој е најголем проект до сега, Универзитетот, а во моментов имаме власт која ништо нема направено за Штип. Внимавајте ние имаме егзодус од Штип. Значи ни се случува катастрофа што сме ја немале 50 години наназад, рече Ѓорчев.
Дека ќе има огромно присуство на полиција за време на овие избори во Штип – ќе има, дека ќе има поткуп и закани – ќе има, дециден е Ѓорчев.