Во Нови сад денеска во пукотница е ранет полициски инспектор на возраст од 33 годиини. Силни полициски сили се излезени на улиците во Нови Сад.
Според непотврдени информации кои ги пренесуваат српските медиуми ранетиот полициски службеник е со иницијали У.Н. и работел како инспектор во ПС Нови Сад. Полицијата е во потрага по напаѓачот. Од брзата помош потврдиле дека повреденото лице со повеќе прострлени рани е префрлено во Ургентниот центар и се наоѓа во добра здравствена состојба.
Кои се мотивите за пукотницата засега нема информации.