Во Италија денеска се регистрирани 15.199 нови случаи на заразени со коронавирус, што е нов дневен рекорд во оваа земја, објави Министерството за здравство.
Смртта на 127 пациенти е пријавена како резултат на заразата, а само еден ден порано имаше 89.
Тоа претставува сериозен раст, но не и врв на епидемијата од март и април оваа година, пренесува Ројтерс.
Епидемијата се прошири низ целата земја, но сепак најсилно погодени се областа Ломбардија и градот Милано. Само денес, во регионот се регистрирани 4.125 новозаразени, а во Милано 2.000.
Во одделите за интензивна нега има 926 лица, а биле тестирани рекордни 177.848 граѓани.
Министерот Џузепе Конте изјави дека е против ново затворање на земјата, како што беше она во март и април, и наместо тоа ги повика локалните власти да одлучат што е најдобро за нивните области.