Без вода денеска од пладне па до завршувањето на работите ќе останат корисниците од улиците „Георги Димитров“ и „Вера Јоциќ“ во населбата Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф-1цол на ул. „Георги Димитров“ бр.16.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.