Во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци денеска ќе се одржи конференцијата: „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?”.
Организаторите информираат дека на конференцијата ќе биде презентирана Анализата на спроведување на Националната стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020.
Во рамки на конференцијата ќе се одржи и панел дискусијата „Какви политики ни се потребни за намалување на одливот на мозоци?” на која се очекува да учествуваат: Милан Живковиќ – посебен советник за труд и социјална политика во кабинетот на премиерот и пратениците во Собарнието, Тимчо Муцунски и Дарко Каевски.
Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Мрежа за спречување на одлив на мозоци” и е финансиски поддржан од “„Фондацијата Отворено општество – Македонија”.
Мрежата за спречување на одливот на мозоци е неформална мрежа составена од седум граѓански организации кои работат на различни полиња поврзани со развојот на младите, младинските политики и права, како и младинското информирање. Целта на мрежата е да поттикне креирање на системски решенија за задржување на младите во земјата.