Соопштение од Oбединета младина за Македонија
„Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Овие компјутери Собранието ги добива во период на корона-криза, кога власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн.
Еден лаптоп чини 56 445 денари. Младинската организација на Обединети за Македонија потсетува дека неодамна во јавност излегоа податоци дека 40 000 деца немаат лаптоп или компјутер и дека не можат да следат онлајн настава.
Затоа, апелираме до пратениците да бидат општествено-одговорни и овие лаптопи да ги донираат онаму каде што се најпотребни. Без оглед на тоа што нашата држава се наоѓа во корона криза, пратениците земаат голема плата и може да си доволат да си купат лаптоп, кој е со многу пониска цена и може да користи за организирање на онлајн седници.
100 од тие 40 000 може да се помогнат, а да не зборуваме дека со одвојување на високите плати можеме да помогнеме и на многу повеќе.