Рускиот претседател, Владимир Путин, вели дека Русија е подготвена да почне со производство на својата вакцина против коронавирусот на производствените линии на странски компании во нивните земји.
По средбата со руските индустриски синдикати, Путин истакна дека тоа е многу важно, но исто така и дека Русија има опција само да ја продава вакцината, пренесува „Тасс“.
„Ако нашите партнери овозможат услови во своите земји, ние лесно ќе воспоставиме производство на нашата вакцина“, рече рускиот претседател.
Сепак, посочи тој, прво мора да се обезбеди потребната количина лекови за рускиот пазар.
„Вакцинацијата во Русија е цел број еден. Најважната задача е да се обезбедат можности за производство на поголем број вакцини“, рече Путин.