Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата “Што мисли народот” на Телевизија Стар истакна дека Македонија има најголема рецесија во последните 30 години.
За тоа не е виновна само корона кризата смета тој, туку и тоталната неспособност на владата.
-Ние во оваа криза влеговме со две министерки кои и двете заедно имаат 5 месеци искуство во економијата – Мила Царовска и Нина Ангеловска. Царовска во владата е на пракса, прво го оправуваше министерството за труд и социјала па, пола земја ни се исели, а сега во образованието направи хаос па школската година започна со задоцнување. Замислете учебната година ги изненадила. Нема учебници за децата во училишта. Илјадници деца не следат настава немаат компјутери. Ние ВМРО-ДПМНЕ уште пред десет години спроведовме проект “Компјутер за секое дете” замислете, рече Ѓорчев.
Тој додаде дека нема отворање на нови фабрики, освен што семејство Заеви тераат со марихуаната. Во врска со националните прашања исто така се случува невидена катастрофа.
-Има ли Македонец кој последниве 100 години бил повеќе потиштен, поразен, утепан и онеправдан внатре во Македонија отколку што е сега. Значи секаде на секое ниво во секој сектор се случува хаос, фијаско. Економија, образование еве во здравството на пример. Ние имаме 850 мртви од корона вирус. Секој ден имаме по 10 – 15 погреби. Најлоши сме во Европа. Значи по сите индикатори што ги имаме во моментот, ние сме најлоши во Европа. Тоа е власта на Зоран Заев. Тоа е овој Заевизам во кој што живееме. Државата се пљачка. Власта на Заев од буџетот има потрошено 15 милијарди евра за само 4 години. Што е направено за тие 15 милијарди евра? Еве на пример во Штип тука. Ништо. А Македонија овие 4 години има најголем буџет во историјата. Никој никогаш толку многу не го исцедил стопанството како власта на Зоран Заев, а никогаш никој нема направено толку малку. Затоа сето ова што ни се случи и сеуште ни се случува ќе биде запишано со црни, темни страници во македонската историја, посочи Ѓорчев.