Неколку НБА тимови покажуваат интерес за Блејк Грифин

Неколку екипи од кошаркарската НБА лига се интересираат за играчот на Детроит пистонс, Блејк Грифин, објави инсајдерот во ЕСПН, Зак Лоу.

Минатата сезона, 31-годишниот Грифин одигра само 18 натпревари поради две операции на левото колено.

На кошаркаор му остануваат уште две години од договорот со Пистонс, за што треба да добие 36,8 и 38,8 милиони долари по сезона.

Детроит го донесе Грифин од Лос Анџелес клиперс во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави